Шефот на Ла Лига побара укинување на Светското првенство за клубови

37

Во својот говор, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повика на укинување на новата и проширена верзија на Светското првенство за клубовите во организација на ФИФА.

Според Тебас, нема причина да се одржи новата и проширена верзија на СП за клубови. Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас зборуваше пред собранието на Асоцијацијата на европските клубови, ЕКА, што се одржа во Брисел.

„Турнирот не е неопходен ниту за играчите, ниту за клубовите или за ФИФА. Џовани Инфантино, добро знаеш дека не си ги продал ТВ правата за цената што ја бараше. Знаете дека немате спонзорства според буџетот и дека лигите и сојузот на играчи не го сакаат ова Светско првенство. Светско првенство за клубови не треба да се одржи“, вели шефот на Ла Лига.

Тој во својот говор спомена дека одржувањтео на ова првенство всушност само помага да се одземат пари од други места во фудбалот каде што се потребни како субвенции.

ПретходноКантона за одлуката да го избркаат Ферги од „Олд Трафорд“: Какво непочитување!
СледноСтрумица вечерва по историја: Втора победа за 1/16-финале во Купот на ЦЕВ