Анчелоти, брутално кон свој фудбалер: Жал ми е, но ти не си квалитет за Реал

421

По повредата на Дани Карвахал и неговата долга пауза како и продолжување на рехабилитацијата на Давид Алаба, Реал Мадрид е во потрага по нов играч во дефанзивниот ред во текот на јануарскиот преоден рок. Се претпоставуваше дека Хесус Ваљехо ќе добие повеќе простор за игра, но тоа нема да се случи затоа што тренерот Карло Анчелоти нема доверба во него, пренесува мадридски „АС“.

Ваљехо пристигна во Реал Мадрид во 2015 година како еден од најталентираните шпански дефанзивци. Тогаш за 18-годишниот фудбалер и платија на Сарагоса шест милиони евра, но тој не се изнаигра во дресот на Реал.

За Реал во девет години собра само 32 настапи, а поголем дел од времето поминуваше на позајмици во Гранада, Сарагоса, Ајнтрахт и Вулверхемптон.
Според „АС“, Анчелоти наводно му рекол на играчот дека нема квалитет за Реал Мадрид. На него уште летоска му било кажано дека може да си бара нов клуб, но фудбалерот одлучил да остане и погрешил. Оваа сезона одигра само 10 минути.
Анчелоти добро знае дека Хесус Ваљехо не е играч за Реал Мадрид. Од клубот уште летоска му кажале дека не е во плановите и го посоветува да оди некаде каде што ќе игра. Тој одбил и одлучил да остане“, наведува „АС“.

За бековската позиција во Реал се поврзуваат неколку имиња меѓу кои Аргентинецот Кристијан Ромеро кој е централен бек, а на местото на десен бек се зборува за Трент Александер Арнолд од Ливерпул или Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
СледноУли Хенес за Томас Тухел: „Катастрофа“