Билетите за последниот настап на Надал се продадоа по цена и од 141.000 евра!

106

Минатата недела Рафаел Надал го официјализираше крајот на својата ѕвездена кариера со настап на Дејвис купот од 19 до 24 ноември во Малага и, се чини, тоа ќе се случи на теренот на првиот ден од четвртфиналниот меч со Холандија.

Билетите одамна пламнаа, а најевтиниот за да се проследи тоа задоволство да се гледа последниот настап на шпанската тениска и спортска легенда чинеше 2000 евра. Интересно, ВИП билетите за овој настан се продадоа по цена од 141.000 евра!

Надал е сопственик на 22 Грен слем турнири, олимписко злато во Пекинг во 2008 година и 36 мастерс трофеи.

ПретходноСтрумица вечерва по историја: Втора победа за 1/16-финале во Купот на ЦЕВ
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тухел е нов селектор на Англија