За Тунижанецот, кој Лазаревски го изнесе од теренот, заврши сезоната!

1816

Лоши вести за сите во Мелсунген и за тренерот Парондо во врска со повредата на Амине Дармул. Имено Тунижанецот на мечот со Вардар се повреди, а дополнителните прегледи покажале дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти па така за него оваа сезона е завршена. Такви се официјалните информации од таборот на Мелсунген.

Инаку на овој меч ракометарот на Вардар, Милан Лазаревски направи потег за респект и за едно големо БРАВО.

Токму откакко Дармул падна на теренот долу, Лазаревски го крена на раце и го однесе до клупата на домашните, иако станува збор за противнички ракометар.

Цела ракометана Европа со воодушевување го поздрави овој потег на Македонецот и ракометар на Вардар.

ПретходноС. Арабија наскоро ќе му врачи отказ на Манчини?!
СледноСтрумица прокоцка историска шанса: Пораз во Златен сет за елиминација од Европа