Кантона за одлуката да го избркаат Ферги од „Олд Трафорд“: Какво непочитување!

182

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, жестоко реагираше на веста дека Сер Алекс Фергусон е набркан од клубот од „Олд Трафорд“.

Како што пренесува угледниот The Athletic, најголемиот тренер во историјата на клубот доби раскин на договорот со Манчестер Јунајтед каде во последните години ја извршуваше функцијата глобален амбасадор.

Ретклиф, директор на хемискиот конгломерат Инеос, го известил легендарниот стратег дека повеќе нема да биде на платниот список на клубот.

Фергсон е еден од 250-те вработени кои беа отпуштени од клубот.

„Сер Алекс Фергусон треба да биде во клубот додека не умре. Какво непочитување“, напиша Кантона на социјалните мрежи.

Фергусон му  беше тренер на Кантона од 1992 до 1997 година и во тој период Французинот постигна 82 гола на 185 натпревари и освои пет титули во Премиерлигата и два ФА купа.

ПретходноЛео го стигна Роналдо по бројот на хет-трикови во националниот дрес
СледноШефот на Ла Лига побара укинување на Светското првенство за клубови