Лионел Меси се израмни со Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови во репрезентативните настапу. 37-годишниот аргентински напаѓач трипати погоди на мечот против Боливија (6:0) во квалификацискиот натпревар за СП 2026 година, што за него е десетти хет-трик во националниот дрес.
Од нив, 3 беа во квалификациски натпревари за Светското првенство, еден е на Копа Америка и 6 за пријателски натпревари.
39-годишниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо исто така има 10 натпревари со хет-трик постигнувања во репрезентацијата на Португалија. Од нив, еден е на завршниот турнир на Светското првенство во 2018 година, 5 на квалификациски мечеви за светско, 3 за евроквалификации, а еднаш и во Лигата на нации.