Меси брилјираше со хет-трик, Бразил, конечно, покажа моќ (ВИДЕО)

227

Генијалноста на Лионел Меси повторно излезе на виделина во синоќешната  победа на Аргентина во светските квалификации. Аргентина ја уништи Боливија со 6-0 во 10. коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година, а капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси постигна хет-трик и запиша две асистенции. Тоа беше прв натпревар на Меси за Аргентина по 334 дена, а трите гола се негов прв хет-трик од мечот со Курасао на 28 март 2023 година.

Аргентина останува на врвот на Светското првенство во 2026 година со 22 бода. На второто место со 19 бодови е селекцијата на Колумбија која го совлада Чиле (4:0). Уругвај кој заврши 0-0 со Еквадор и Бразил имаат по 16 бода.

Петкратниот светски шампион Бразил ја забележа втората последователна победа во квалификациите за КОНМЕБОЛ зоната за Светското првенство во 2026 година. „Кариоките“ со 4:0 славеа над Перу.

Домашните поведоа по двата одлично изведени пенали на Рафиња (38′, 54′), а до крајот погодија и Андреас Переира (71′) и Луис Енрике (74′).

ПретходноМилан преговара за аргентински талент, но клаузулата му е 45 милиони долари
СледноЛео го стигна Роналдо по бројот на хет-трикови во националниот дрес