Меси: И покрај моите години, се чувствувам како дете во репрезентацијата

201

Во рамките на десеттото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во јужноамериканскиот регион, репрезентацијата на Аргентина на домашен терен ја совлада Боливија. По натпреварот, напаѓачот на светскиот шампион, Лионел Меси, проговори за впечатоците од престојот во репрезентативниот табор.
Среќен сум таму каде што сум во моментов. Тоа е она што ме мотивира да продолжам да играм за Аргентина.
И покрај моите години, кога сум во таборот на репрезентацијата, се чувствувам како дете бидејќи се чувствувам удобно во овој тим. Се додека се чувствувам добро и можам да продолжам да играм како што сакам, ќе продолжам да уживам во оваа можност“, изјави аргентинскиот репрезентативец.
Меси за аргентинската репрезентација одигра 189 натпревари, постигна 112 гола и даде 60 асистенции.

ПретходноКатарци ќе го откупат Заубер од Ауди?
СледноАлкалоид со засилен состав по нова европска титула на Европскиот клупски куп во Србија