„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан отворил преговори со Ривер Плата околу фудбалерот Франко Мастантуоно. Играчот кој има 17 години е следен од скаутите на „росонерите“ подолго време, а е сметан за еден од најнадежните аргентински фудбалери. Тој ќе наполни 18 години во август 2025 година, а од Милан уште сега ги почнале преговорите со Ривер околу негов трансфер на „Сан Сиро“.
Мастантуоно е офанзивен играч за врска, а може да игра и како десно крило има договор со Ривер до 2026 година. Она што е препрека за Милан во моментов, освен што треба да ги убеди раководните луѓе на Ривер, е откупната клаузула која изнесува 45 милиони долари.
„Росонерите“ не се подготвени да платат толку, па се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик со Ривер да ја намалат сумата или барем да ја плаќаат на рати.
Друга опција е да се договорат околу исплата на рати, а играчот да остане во Ривер до 2026 година додека наполни 19 години па потоа да дојде во Милано.