С. Арабија наскоро ќе му врачи отказ на Манчини?!

132

Се чини дека Роберто Манчини наскоро би можел да добие отказ од ФС на Саудиска Арабија и тоа пораз слабите резултати на репрезентацијата на оваа земја во квалификациите за СП 2026.

Имено С. Арабија предводена од селекторот Манчини на последните три домашни меча има освоено само два бода и сега е трета во групата и тоа 5 бода помалку од водечката Австралија.

Мораме да им се извиниме на нашите фанови. Освоивме само два бода на последните три домашни меча, ова за нас е неприфатлива ситуација. Наскоро ќе донесеме одлука“ велат од ФС на Саудиска Арабија.

Инаку Манчини на годишно ниво заработува како селектор на С. Арабија 18 милиони евра плус 6 милиони низ разни бонус.

Секако дека ако добие отказ, тогаш и отпремнинаната ќе биде голема.

ПретходноСара Ристовска постигна три гола во дербито во Романија!
СледноЗа Тунижанецот, кој Лазаревски го изнесе од теренот, заврши сезоната!