Сара Ристовска постигна три гола во дербито во Романија!

78

Иако нејзиниот Рапид Букурешт беше поразен од ЧСМ Букурешт, во големото дерби во Романија, сепак Сара Ристовска и тоа како имаше забележителен настап на денешниот меч. Нашата ракометарка постигна три гола од пет обиди, но ни тоа не беше доволно да се дојде до подобар резултат. ЧСМ Букурешт славеше со 29:24 во мечот меѓу екипите кои играат во женската Лига на Шампионите оаа сезона.

Рапид Букурешт, тимот на Ристовска со овој пораз сега има пет победи во и два порази, додека ЧСМ Букурешт е убедливо прв со седум победи во исто толку мечеви.

ПретходноЕлмас во јануари се враќа во Италија?!
СледноС. Арабија наскоро ќе му врачи отказ на Манчини?!