Веспрем се намачи со Фредериција, Келце минимално кај Колстад

42

Веспрем добро се намачи за да ги освои сите три бода на дуелот со Фредериција во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите во групата „А“. На домашен терен, Унгарците на крајот славеа со во меч во кој данскиот претставник одигра можеби и најдобар натпревар во ЛШ оваа сезона.

На полувремето Веспрем имаше предност од 16:12, но во завршниот дел од мечот гостите дојдоа на само минус еден 33:32, по што домашните успеаја да погодат за конечни 34:32. Ремили со 9 гола беше најдобар во победничкиот тим.

Со гол во последните моменти, ракометарите на Келце славеа минимално со 33:32 на гостувањето кај Колстад во првиот денешен меч од 5. коло во Лигата на шампионите. Полскиот состав кој беше фаворит пред мечот, добро се намачи за да ја запише третата победа во групата „Б“ и тоа против последнопласираниот тим на табелата кој има само еден триумф оваа сезона.

Во победата на Келце одлично издание имаа Морито и Наи кои средбата ја завршија со по 8 постигнати гола.

ПретходноВардар ќе мора да плати казна од 5000 евра поради пиротехничкото шоу на навивачите
СледноВатерполо скандал: Италија нема да игра на Светското првенство поради закани кон судиите на ЛОИ во Париз!