На еден од најголемите клубови во историјата на германскиот фудбал, Шалке 04, му се заканува преселба на аматерско ниво. За се е виновен долгот од неверојатни 168 милиони евра кој и натаму се зголемува.
Пред три години клубот од Гелзенкирхен испадна во втората Бундеслига, а сега полека тоне кон Третата лига. Доколку тоа се случи, поради финансиски проблеми, му се заканува испаѓање и во аматерски ранг на натпреварување. Стечајот е пред вратата на тимот кој е основан пред 120 години.
Раководството на Шалке на секој начин се обидува да го спаси клубот. Новата мисија е да се продаде „Фелтинс Арената“, а сопственици да бидат навивачите. За да го добијатправото на стадионот, Шалке се надева дека навивачите ќе ги откупат акциите на стадионот. Цената би била нешто помала од 750 евра по акција.
Шалке западна во сериозни финансиски проблеми откако генералниот спонзор „Газпром“ го напушти клубот.