Капитенот на Англија за новиот селектор: Тухел е фантастичен тренер!

141

Веќе официјално Томас Тухел е новиот селектор на Англија. И покрај негодувањата во тамошната јавност дека Германец ќе ја предводи селекцијата, сепак капитенот на Англија Хареи Кејн, има само пофални зборови за новиот предводник на репрезентацијата.

Познато е дека лани Кејн и Тухел соработуваа во Баерн Минхен и токму Тухел беше еден од оние кои инсистираа Кејн да дојде на „Алијанц Арената“:

Се радувам што повторно ќе соработуваме. Го познавам добро од минатата сезона кога беше во Баерн Минхен. Фантастичен тренер и феноменална личност“ порача напаѓачот на Баерн и капитен на Англија.

Инаку во јавноста во Англија како да се заборава дека токму Тухел му го донесе пехарот во ЛШ на Челзи, откако во финалето во 2021 година го победи Манчестер Сити со 1:0 со голот на Хаверц.

Претходно„Форбс“: Роналдо и оваа година е најплатениот фудбалер во светот
Следно„Марка“ го прогласи Меси за најуспешен фудбалер во историјата! (ВИДЕО)