Красимир Балаков ќе биде нов тренер на Гостивар?

1174

Легендата на бугарскиот фудбал Красимир Балаков преговара со екипата на Гостивар за да го преземе тренерското место во тимот. Според информациите кои ги објавија неколку бугарски медиуми, Балаков е во преговори со Гостивар и наскоро се очекува конечен договор.

Засега нема детали од преговорите, но бугарските медиуми потенцираат дека Гостивар кој е поддржан од турски спонзори, преговара со Балаков токму преку претседателот на клубот Енес Уста.

Претходно„Марка“ го прогласи Меси за најуспешен фудбалер во историјата! (ВИДЕО)
СледноВардар ќе мора да плати казна од 5000 евра поради пиротехничкото шоу на навивачите