Медведев ги измами Саудијците – за 69. минути „заработи“ 1,5 милиони долари

684

Вчера во Ријад започна егзибициониот турнир „Слем шест кралеви“, а Саудијците најверојатно се покајаа уште првиот ден. Причината е повеќе од лесните победи на Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои со право ги оправдаа улогите на фаворити, но не се очекуваше толку убедливо да излезат со Холгер Руне и со Данил Медведев.

И додека Руне (кој игра многу лоша сезона и падна на 14. место) го задржа Алкараз на теренот во првиот сет, а на крајот загуби со 6:4, 6:2, што да кажеме зa Медведев кој се посрамоти во Ријад. Синер го реши за само 69 ​​минути и го испрати дома.

Но, далеку од тоа дека Русинот ќе го напушти Ријад незадоволен, бидејќи Саудијците подготвија огромна сума на пари за учесниците на турнирот. Така, секој од нив добил по 1,5 милиони долари, само за да се појави – додека победникот на крајот ќе си однесе награда од шест милиони евра. Се чини дека Русинот првично се задоволил со оваа „помала сума“.

Според пресметките Медведев за секоја минута на теренот во Ријад заработувал 21.739 долари или дури 362 долари во секунда.

ПретходноПелистер гостин во полскиот „пекол“, Пешевски потенцира: Ќе биде супер-неизвесно!
СледноПо бурата во Јунајтед: Бекам со јасен и изненадувачки став за потегот на Ретклиф