Пресврт: Пешиќ останува селектор на Србија?!

142

Дали на повидок е голем пресврт? Дали Светислав Пешиќ останува селектор на репрезентацијата на Србија?

Како што пренесуваат медиумите во Србија, Пешиќ кој фактички сега не е селектор откако му истече договорот, имал состанок со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ и наводно било договорено тој да ја предводи Србија на ЕП 2025 а потоа и дефинитивно да си замине.

Јасно е дека ова е само информација која не е официјално потврдена од страна на самиот Пешиќ кој во изминатите недели постојано изјавуваше дека тој е пред нов предизвик дека нема намера да продолжи со работа како селектор на Србија.

Останува да се види што навистина се случува на релација Пешиќ – КСС.

Претходно“Не може да биде селектор некој со завршено трето оделение…!“
СледноАлушовски: Го вративме ГРК Охрид на европската ракометна мапа!