Судии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на дербито на Арената, Качевски ќе им суди на Беса и Вардар

882

По двонеделна пауза, во недела со мечевите од 10.коло продолжува првенството во нашата елитна лига. Познати се судиите кои се делегирани за шесте мечеви кои се играат на 20 октомври со почеток од 14 часот.

Дербито се игра на Арената во Скопје каде се среќаваат Работнички и Гостивар, а овој меч ќе го суди Димитар Пилешков од Штип. Интересно ќе биде и во Гостивар каде Вардар и гостува на Беса, а овој меч ќе го суди Јован Качевски од Струга.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 10.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)

Штип: Тиквеш – Шкендија (Игор Иванов – Велес)

Струга: Струга ТЛ – Силекс (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Гостивар: Беса – Вардар (Јован Качевски – Струга)

Скопје: Работнички – Гостивар (Димитар Пилешков – Штип)

Струмица: Брера – Воска (Александар Грујоски – Кичево)

Битола: Пелистер – Шкупи (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

ПретходноРумениге: Играчите и менаџерите се виновни за зголемениот број натпревари!
СледноГрчевски го објави списокот со ракометарки за “Трофејот Карпати“!