Екс-шеф на Ферари: Јас никогаш не би го ангажирал Хамилтон

396

Од идната сезона за Ферари ќе вози седумкратниот шампион Луис Хамилтон. Неговиот ангажман ги израдува фановите на оваа екипа, кои деценија ипол чекаат да го видат својот тим на врвот во Формула 1.

Поранешниот шеф на Ферари, Матеа Биното (работеше од 2019 до 2022 година) вели дека ова не е баш паметен потег од страна на италијанскиот клуб.
Мислам дека Ферари не направи паметен потег со ангажманот на Хамилтон. Да бев јас шеф ќе речев НЕ.
Ферари се фокусираше на други возачи како на пример Шарл Леклер. Ако Леклер е талентот во тимот, мислам дека треба тој да биде првата „виолина“, а фокусот треба да биде ставен на други возачи“, изјави Биното кој наведува дека прв возач во тимот треба да биде Леклер, а во овој случај ќе биде во втор план, а предноста ќе ја има Британецот како голема ѕвезда и најтрофеен возач.

Од гледна точка на Хамилтон мислам дека тој ја направи вистинската работа што ја прифати понудата на Ферари. Се согласувам со неговата одлука“, вели Биното.
Претходно, Леклер изјави дека го прифаќа Хамилтон како тимски колега што е голема работа бидејќи доби сериозен конкурент.

ПретходноЛеверкузен со порака до Вирц: Можеш да одиш било каде, само не во тој клуб!
СледноМбапе е запрепастен од обвинението за силување: Излегоа нови детали за патувањето во Шведска