Ватерполо скандал: Италија нема да игра на Светското првенство поради закани кон судиите на ЛОИ во Париз!

148

Единицата за интегритет во водните спортови (AQIU) ја суспендираше машката ватерполо репрезентација на Италија на шест месеци, поради физички и вербални закани кон судиите на два натпревари на Олимписките игри во Париз оваа година.

Одлуката е донесена денеска. Одделението за интегритет ја оправда оваа одлука со образложение за грубо кршење на член 5 од кодот за интегритет од страна на Италија за време на Олимписки игри во Париз.

По мечот од четвртфиналето против Унгарија на 7 јули, одредени членови на италијанскиот тим, а поконкретно селекторот Сандро Кампања, физички и вербално ги нападнале судиите на паркингот, додека италијанскиот автобус се подготвувал да се врати до Олимпиското село. Поради тоа, селекцијата на Италија нема да може да учествува на Светското првенство во водени спортови идниот февруари во Катар и ќе мора да плати и казна од 100.000 долари.

ПретходноВеспрем се намачи со Фредериција, Келце минимално кај Колстад
СледноСинер повторно подобар од Ноле, обезбеди финале во Ријад