Легендата на бугарскиот фудбал Красимир Балаков преговара со екипата на Гостивар за да го преземе тренерското место во тимот. Според информациите кои ги објавија неколку бугарски медиуми, Балаков е во преговори со Гостивар и наскоро се очекува конечен договор.
Засега нема детали од преговорите, но бугарските медиуми потенцираат дека Гостивар кој е поддржан од турски спонзори, преговара со Балаков токму преку претседателот на клубот Енес Уста.