Нено Димитријевиќ и Армани Милано пропуштија огромна шанса да ја остварат и втората победа во Евролигата сезонава, откако прокоцкаа 12 поени предност на три и пол минути пред крајот на мечот со Жалгирис на домашен терен и на крајот загубија со 82:85. просто за неверување е како италијанскиот состав во чии редови настапува и нашиот репрезентативец, успеа да го загуби мечот, ако се знае дека на 3:29 минути имаше водство од 79:67.
Нено одигра скоро 24 минути за Милано, постигна 11 поени со два скока и 4 асистенции, но залудно, кога италијанскиот состав повторно беше поразен.
Кошаркарите на белградски Партизан ја остварија и втората победа во новата сезона од Евролигата, откако на мечот со Макаби вечерва славеа со 91:79 како гости во салата „Пионир“. По двата стартни порази во Шпанија од Реал Мадрид и Басконија, српскиот претставник успеа да наниже две победи.
Партизан беше подобар пред се поради тоа што остана присебен на крајот од мечот, што не му се случуваше често во претходниот период. Најефикасен кај Партизан повторно беше Стерлинг Браун, кој овојпат постигна 20 поени. Го следеше Исак Бонга со 14. Најмногу проблеми на Партизан му зададе Ливај Рендолф, кој дуелот го заврши со 19 поени.
Реал (М) оствари победа на домашен терен против европскиот шампион Панатинаикос со 90:86. Одличен меч за Кампацо кој постигна 19 поени, додека Муса додаде 15. Кај ПАО, Нан беше најефикасен со 23 поени.
Во првиот заврен меч денеска, екипата на Фенербахче ја оствари третата победа славејќи на гости кај Алба со 71:78.