И натаму во јавноста една од главните информации е Алекс Фергусон. Во Манчестер Јунајтед е донесена одлука на крајот на сезоната повеќе да не биде амбасадор на клубот, неговиот договор ќе биде раскинат.
Но, не е само ова.
„Дејли Мејл“ пишува дека овластувањата на Фергусон биле нешто поголеми. Имено, легендарниот Шкотланѓанец се појавуваше низ соблекувалната на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Новото раководството сака да го пресече и тоа. Англичаните пишуваат дека на Фергусон му било кажано да остане што подалеку од соблекувалната, а истото важи и за остатокот од управниот одбор.
Фергусон беше тренер на Јунајтед од 1986 до 2013 година и важи за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Во тој период постигна одлични резултати како менаџер на популарните „црвени ѓаволи“. Ја освои англиската Премиер лига 13 пати, ФА Купот пет пати, додека Лигата на шампионите ја освои двапати, во 1999 и 2008 година.