Алушовски: Го вративме ГРК Охрид на европската ракометна мапа!

79

Во сабота, на домашен терен ракометарите на ГРК Охрид ќе го одиграат својот прв европски меч по долги години. Имено во рамките на 2.коло во ЕХФ Купот, нашиот Суперлигаш се среќава со Турда, тим од Романија.

Денеска на прес – конференцијата, тренерот на ГРК Охрид, Стевче Алушовски покрај другото истакна:

Најважно е тоа што по седум години успеавме да го вратиме ГРК Охрид на европската ракометна мапа. Уште по ждрепката кажавме дека немавме среќа, но ова е награда за добрата работа во минатата година. Турда е одличен тим, еден од најдобрите во Романија, составен од репрезентативци на Романија и квалитетни интернационалци. Можам да кажам дека има доста информации за нашиот противник, анализиравме доста видеа и квалитетно се подготвувавме. Ова е натпревар со две полувремиња, првото се игра кај нас во Охрид и затоа ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број. Се надевам дека по гостувањето во Романија сите ќе се радуваме“ истакна стратегот на ГРК Охрид.

ПретходноПресврт: Пешиќ останува селектор на Србија?!
СледноНеверојатно: Банка ја спасила Барса од измама вредна милион евра!