Најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија, еден од најдобрите на Балканот, легенда Барселона, освојувачот на “Златната топка“ во 1994, Христо Стоичков стана дедо.
Како што самиот се пофали, Христо добил внук.
Ништо чудно, но затоа името на внукот е Христо Хулиен Креспо Стоичков!
Се разбира во стилот на Стоичков, можеби требало да се додаде и Јохан, Пеп, Ромарио….од времето на дрим – тимот на Барса во кој Бугаринот беше главна фаца.
Тоа е Христо Стоичков!