Казнети се судиите по бламажата во АБА2 кога еден тим играше со шест кошаркари!

113

По онаа бламажа во АБА2, кога на мечот Златибор – Борац Бања Лука во еден момент домашните играа со шест кошаркари, цел кошаркарски свет им се смее на раководните лица во АБА2. Навистина ова ретко кога се случило, па и на Балканот. Но ете завчера се случи.

Па затоа судиите кои дозволија вакво нешто се казнети, односно суспендирани:

Врз основа на извештајот на судискиот инструктор г-дин Саша Маричиќ, за натпреварот од 2. коло од АБА 2 Лигата меѓу Златибор и Борац Бања Лука, судиите Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ се казнети со забрана за судење во следните мечеви. Со оглед на тоа што нивното судење на натпреварот помеѓу Златибор Борац Бања Лука е оценето како потпросечно, врз основа на член 20.1. од Правилникот за работа на Одделот за судење на АБА лигата Г.П., тројцата судии се санкционирани со забрана за судење во следните два натпревари“, стои во соопштението на АБА. 

ПретходноГрчевски го објави списокот со ракометарки за “Трофејот Карпати“!
Следно“Не може да биде селектор некој со завршено трето оделение…!“