По катастрофалната игра и убедливиот пораз на репрезентацијата на Србија во Кордоба, на гости кај Шпанија со 3:0, реално требаше да биде барем 10:0, повторно во Србија има и тоа какви критики кон селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, кој малку како да си “купи“ мир по она реми со Шпанија во Белград, но по мечот во Кордоба повторно се случува хаос во фудбалска Србија.
Еден од оние кои се негови најжестоки критичари е Милорад Косановиќ, еден од најпознатите тренери во Србија. Интересно, Косановиќ на времето беше тренер во Ц. Звезда кога Пикси беше претседател на клубот од “Маракана“.
„Секоја чест за играчката кариера, но не може да биде селектор некој кој со завршено основно трето оделение оди по некоја си тренерска патека. Едноставно кај нас фудбалските институции се во хаос, само да се обезбеди работа на пријатели, кумови, роднини…“ истакна Косановиќ за Пикси.
Инаку јавна тајна дека сегашниот селектор на Србија нема регуларно завршено ниту основно оделение а камоли средно. За факултет и да не правиме муабет.