Карлос Алкараз е вториот финалист на егзибицискиот тениски турнир во Ријад, Саудиска Арабија, насловен како „Шесте кралеви“. Во второто полуфинале вечерва, Алкараз го совлада својот идол Рафаел Надал со 6:3, 6:3 и успеа да закаже големо саботно финале со првиот светски рекет Јаник Синер.
Синер претходно во полуфиналето бр. 1 беше подобар од Ѓоковиќ во три сета. Алкараз и Синер в сабота во финалниот меч на овој необичен турнир ќе влезат во битката за премија вредна 6 милиони долари.