Некогаш Олимпиец, денеска го бара ФБИ за дрога и убиства

112

Поранешниот учесник на Зимските олимписки игри како претставник на Канада, Рајан Џејмс Вединг, е обвинет за организирање на група за продажба на дрога која превезувала големи количества кокаин во јужна и северна Америка, а исто така и учествувала во убиства на дури четири лица.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) издаде налог за негово апсење, а веќе нуди и награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење и екстрадиција во САД.

Вединг е канадски државјанин, но живее во Мексико, има 43 години и во моментов е бегалец. Тој ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри 2002 година во сноуборд. Во САД е обвинет за „злосторнички потфат, убиство, заговор за дистрибуција на кокаин и други злосторства“.

ПретходноМеси: Крајот е близу
СледноОд почетокот на сезоната во Англија: ВАР направил само две грешки!