ФА изрече суспензии и казни за тренерот на Нотингем Форест и играч на овој клуб

100

Менаџерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто и играчот од средниот ред на оваа екипа Морган Гибс-Вајт беа суспендирани, додека менаџерот на Брајтон, Фабијан Хуерцелер беше казнет со парична казна за недолично однесување во минатомесечниот нерешен резултат 2-2, објави Ројтерс, цитирајќи ја Фудбалската асоцијација.
Двајцата менаџери добија црвени картони на натпреварот во Премиер лигата, а Гибс-Вајт исто така беше исклучен поради прекршок и втор жолт картон.
Нуно Еспирито Санто, Морган Гибс-Вајт и Фабијан Хурцелер ги прифатија своите одговорности“, напиша ФА.

Независната регулаторна комисија му изрече суспензија од два натпревари од клупата на главниот тренер на Нотингем Форест, a ќе биде активирана и условната казна што значи дека Санто ќе биде на трибините три натпревари.

Здружението додаде дека Гибс-Вајт е казнет со еден натпревар и парична казна од 20.000 фунти, додека Хурцелер е казнет со 8.000 фунти.

ПретходноЃоковиќ: Жал ми е за оние кои сакаат да се повлечам, сепак ќе мора да ме гледаат…
СледноСтанковски погодува, Раднички победува!