Вардар 1961 се рехабилитираше по поразот од Мелсунген, прв во Европската лига. „Црвено-црните“ имаа лесна задача во осмото коло, за противник го имаа тимот на Куманово кого го совладаа со убедливи 31-21.
Маргели со пет гола беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Танкоски со еден гол помалку. Кај Куманово Димевски имаше десет погодоци.
Гостите беа рамноправен противник во првите 20 минути. По 6-5, домашниот тим со серија од 9-1 на полувремето заминаа со позитива од 15-6. Веќе во следниот период, Вардар 1961 продолжи да доминира без проблем ја зголемуваше предноста за мирен финиш и зачувување на силите за дуелот против Порто на домашен терен.
За Вардар 1961 ова беше седма победа, има еден пораз, додека на другата страна Куманово го запиша шестиот пораз, има и две победи.