За пет дена во Стокхолм, Мбапе потрошил 100.000 евра

361

Напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе потрошил 100 илјади евра за време на скандалозно патување во Стокхолм, објавија угледните француски изданија „Л’Екип“ и „РМЦ Спорт“.

Мбапе во Шведска остана пет дена, по кои се појавија информации дека имал сексуална врска за време на неговото патување во Стокхолм, па дури и беше обвинет за силување.

Мбапе дојде во Реал Мадрид ова лето. Во овој период францускиот фудбалер учествуваше на 11 натпревари на сите турнири, на кои постигна седум гола.

ПретходноЃорѓиев: Подготвени сме и со нетрпение го чекаме утрешниот меч!
СледноЧелзи го објави новото лого: „Вистински клуб од Лондон“ (ФОТО)