Лазаров: Нема да го потцениме противникот, ниту бегаме од фактот дека сме фаворити!

242

Екипата на Алкалоид утре ја почнува европската битка. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот на домашен терен го пречекува литвански Драгунас Клаипеда во рамките на второто коло од ЕХФ Европски Куп. Дуелот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 19 часот.

Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров и неговите момци нема да го потценат противникот иако е неатрактивен. Вели дека се подготвени и ќе одиграат одличен меч пред домашната публика.

„Се наоѓаме пред нов предизвик во европскиот Куп. Имаме противник кој не е атрактивен, но доста опасен, се работи за школа доста незгодна, оваа сезона земаа шпанскиот тренер. Полека, но сигурно се гледа нивниот напредок. Споредувајќи ја екипата од оваа и минатата сезона, да не претерам, но подобри со до 35% и затоа сум многу внимателен со изјавите со мојот тим, бидејќи и системот на играње е на домашен терен и на гости. Постигнуваат многу голови, над 40, играат во силен ритам во текот на сите 60 минути без разлика на противниците и квалитетот. Неатрактивен противник, но ние сме цврсто на земја, добро се подготвуваме. Можам да ветам дека нема да го потцениме противникот во ниту еден момент, можам да ветам квалитетен натпревар. Ги повикувам играчите да дојдат во поголем број и да бодрат овој тим“, изјави Кирил Лазаров на прес-конференцијата. 

Лазаров потенцира дека утре ќе биде задоволен со било каква победа, дека тој и неговите момци не сакаат да бидат под резултатски притисок, нема да бркаат позитива, туку ќе се обидат да одиграат квалитетно, а резултатот очекува сам да дојде.

„Не бегам од фавористската улога, напротив ќе се обидеме да ја оправдаме. Но, како што кажав имаат голем напредок од минатата сезона“, додаде Лазаров.

ПретходноНикола Ѓоргиев се враќа во Турција, потпиша за суперлигашот Туршад
СледноЃорѓиев: Подготвени сме и со нетрпение го чекаме утрешниот меч!