Некогашниот репрезентативец на БиХ конечно ќе заигра во Италија – но во четвртата лига!

150

Поранешниот фудбалски репрезентативец на БиХ, Тино Свен Сушиќ пред десет години како член на Хајдук беше пред трансфер во Интер, но тоа не се случи, но сега, конечно, ќе заигра во Италија.

Сушиќ потпишал договор со италијанскиот четвртолигаш Франковил откако од 1 јули стана слободен фудбалер по истекот на договорот со Тузла Сити со кој испадна од најсилната лига на БиХ.

Сушиќ беше пред трансфер во Интер откако со репрезентацијата на БиХ заигра на Светското првенство, но трансферот во последен момент пропаднал.
Преговорите беа успешни, си спакував коферите и бев спремен да летнам за Милано. Италијанските медиуми и Роберто Манчини веќе го најавија моето доаѓање, а потоа Интер, во последен момент, го избра Марсело Брозовиќ“, зборуваше Сушиќ во едно интервју, а веќе во летото 2016 година отиде во белгиски Генк.
Играше и во Израел, Холандија, Австрија, Русија, Словенија и Хрватска, а во БиХ освен за Тузла играше и за Сараево.

ПретходноЦрвена Звезда спрема најголем трансфер во историјата!
СледноТен Хаг нападна новинари: Измислувате лажни приказни…