Од почетокот на сезоната во Англија: ВАР направил само две грешки!

40

Шефот на фудбалските судии кои ја делат правдата во англиската Премиер лига, Хауард Веб, тврди дека оваа сезона бројот на погрешни проценки на ВАР е намален за 80 проценти.

ВАР се користи во Премиер лигата веќе пет години, но се уште има бројни дискусии за тоа како се користи, пренесува Би-Би-Си.

Независното истражување нарачано од Премиер лигата покажа дека 80 отсто од навивачите оваа сезона сакаат да се задржи ВАР системот. Со цел одлуките донесени во ВАР-салата да бидат појасни за пошироката публика, Премиер лигата лансираше наменски канал на социјалните мрежи.

„Имаме независна комисија од поранешни играчи и тие ја проценуваат секоја одлука секоја недела. Според комисијата, која е независна од нас, имало само две грешки на ВАР оваа сезона во споредба со 10 во исто време минатата година“, рече Хауард Веб.

Во Премиер лигата планираа да воведат и полуавтоматски систем за офсајд за оваа сезона. Имплементацијата на тој систем требаше да се случи по репрезентативната пауза во октомври и ноември, но воведувањето е одложено за 2025 година.

ПретходноНекогаш Олимпиец, денеска го бара ФБИ за дрога и убиства
СледноБекам: Навивачите на Манчестер Ј. ја загубија довербата во раководството