Слот со критики кон Премиер-лигата: Малку треба да размислат

248
ФОТО: Liverpool FC

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот денеска повика на преглед на календарот на домашните натпреварувања, по повредата на голманот на неговиот тим Алисон Бекер.

Алисон ја повреди тетивата на 5 октомври на натпреварот против Кристал Палас и се очекува да паузира најмалку до средината на ноември.

Тој одигра натпревар од Лигата на шампионите во средата навечер, пред веднаш да се повреди на следниот натпревар од Премиер-лигата, кој започна во 13:30 часот во саботата.

Слот го нарече тајмингот на игрите „криминален“ и сака густиот распоред да се преиспита.

„Тоа време не е проблем затоа што тренираме во исто време, но Фудбалската асоцијација може да размисли за тоа затоа што ако играте натпревар во среда навечер во Лигата на шампионите, тогаш натпреварот во 13.30 часот може да биде проблем кога станува збор за повреди“, рече Слот, пренесе Би-Би-Си и продолжи:

„Она што е многу добро за Холандија е тоа што јас сум 99,9 отсто сигурен дека сите тимови кои играат во Лигата на шампионите нема да играат во недела. Тие имаат дополнителен ден да се подготват на најдобар начин за натпревар од Лигата на шампионите. Тоа не е вообичаено овде во Англија“, додаде холандскиот тренер.

Алисон веќе пропушти два натпревари оваа сезона поради повреда, а минатата сезона отсуствуваше повеќе од два месеци, од февруари до април.

32-годишниот бразилски голман ќе ги пропушти натпреварите против Челзи, Арсенал, Брајтон и Астон Вила во Премиер-лигата, против Брајтон во Лига Купот и против Лајпциг и Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

ПретходноЕфес ја доби драмата во Истанбул!
СледноЉафтов потпиша за грчки ПАОК каде тренер ќе му биде Јошко Миленкоски