Лука Станковски игра како препороден за тимот на Раднички Крагуевац. Македонскиот младински репрезентативец вечерва погоди за својот тим на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола и му донесе на својот тим заслужена победа од 0:2. Станковски уште на самиот старт на мечот искористи, испровоцира една кардинална грешка на одбраната на домаќинот, и го постигна својот втор гол сезонава во шампионатот на Србија.
Станковски за потсетување е со статус на позајмен фудбалер од тимот на Газијантеп, но очигледно дека во Раднички ја пронајде својата идеална фудбалска средина.
По само неполн месец минат во Крагуевац се избори за класичен првотимски статус во кој првите единаесет на Раднички не можат да се замислат без одличниот креативец од средниот ред.