Денеска прес-конференција за медиумите одржа и тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. На неа тој доби голем притисок од медиумите за неговото потенцијално заминување, многумина се зачудени што е се уште на клупата.
На последниот натпревар „црвените ѓаволи“ одиграа нерешено против Астон Вила (0:0). Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер-лигата.
Денеска Холанѓанецот го најави дуелот против Брентфорд, кој според многу медиуми значи „задолжителна победа“ за Манчестер.
Тен Хаг влезе во салата за прес-конференции многу весело и ги погледна новинарите велејќи:
„Многу ми недостигате сите“, очигледно цинично кажа поради пишувањата во медиумите за отказот на холандскиот стручњак.
„Имаме планина за искачување, но тоа е она за врвниот фудбал. Понекогаш мораме да се соочиме со предизвици, но сигурен сум дека ќе бидеме успешни. Мислам дека и изминатите две сезони беа успешни. Гледам добри работи, добри резултати и статистики кои покажуваат дека сме во вистинска насока.
Сепак, позицијата на табелата не лаже и вели дека ова не е доволно добро и дека мораме да бидеме уште подобри“, започна Тен Хаг и се осврна на известувањата за отказот:
„Целата оваа врева доаѓа само и исклучиво од медиумите, но само од некои. Не од сите вас, не сакам сите да ги ставам во ист кош. Некои приказни, бајки и лаги се измислени овде бидејќи знам дека сите сме на иста страна. Ова го кажав и пред паузата, но неколку новинари не ми веруваа, пишуваа лаги. Во клубот е прилично тивко“.
Холанѓанецот пред Брентфорд зборуваше за проблемите на тимот, а го коментираше и доаѓањето на Тухел на клупата на Англија.
„Мислам дека Тухел е одличен избор, тој е менаџер од светска класа и докажан експерт. Англија има играчи од светска класа и секогаш имаат можност да ги освојат првенствата во кои настапуваат“.