Фудбалерот на Спартак Суботица, Андреј Тодороски во интервју за „Спортски Журнал“ откри дека неговата желба е да заигра за сениорската репрезентација на Македонија. 25-годишниот фудбалер оваа сезона во три гола и две асистенции во десет натпревари.
Комплетната документација е една од причините поради која тој не може да заигра за „црвено-жолтиот“ дрес. Ова момче е родено во Прилеп, од 2013 до 2020 година играше фудбал во Австрија почнувајќи од младинските екипи на Рапид, па вториот тим на Виена, па ФАЦ. Во редовите на Спартак дојде од Винер.
„Имавме разговори. Секако дека би сакал да играм за Македонија, но кога ќе се среди целата потребна документација и кога ќе ни се поклопат патиштата, односно во мене ќе видат играч кој би можел да и помогне на репрезентацијата“, изјави Тодороски.