Поранешниот фудбалер на ПСВ; Рома, Марсеј и холандскиот национален тим, Кевин Стротман стави крај на професионалната фудбалска кариера на 34 години. Последен клуб во кариерата на Холанѓанецот беше Џенова.
Инаку како член на ПСВ, тој се закити со Купот и Суперкупот на Холандија. Неговиот брз развој го приметија од Рома и го донесоа во своите редови. Играчот од средниот ред ги бранеше боите на римскиот клуб од 2013 до 2018 година, од каде што премина во Марсеј, a од таму отиде во Џенова, прво на позајмица потоа, а потоа со договор.
Во Рома немаше среќа бидејќи поради чести повреди неговата кариера уназадуваше наместо да оди напред. Пропушти многу натпревари, а ја загуби формата па му требаше долго време за да се врати на терените.