Црвена Звезда спрема најголем трансфер во историјата!

697

Српскиот шампион Црвена Звезда се спрема за најголемиот трансфер во историјата на клубот. Клубот работи на продажба на талентираниот Андрија Максимовиќ. За него се интересира Борусија Дортмунд, а „Билд“ пишува дека сега тој е поблиску до Ливерпул, пренесува „Билд“.
Максимовиќ во октомври оваа година дебитираше за А репрезентацијата на Србија во победата против Швајцарија, а во септември остави добар впечаток на мечевите на Звезда против Партизан и Интер.

Се зборува за понуди околу 15 милиони евра што за Звезда би претставувало уривање на трансферниот рекорд кога е во прашање продажбата на играчи. Досегашниот рекорд го држи напаѓачот Горан Друлиќ кој бил продаден на Сарагоса за 13 милиони евра во сезоната 2001/02.

Инаку, Звезда и Ливерпул претходно тргнуваа во јануари 2016 година кога Марко Грујиќ замина на „Енфилд“ за седум милиони евра.

ПретходноЖенската репрезентација ќе се подготвува во Банско – ќе одигра два пријателски натпревари
СледноНекогашниот репрезентативец на БиХ конечно ќе заигра во Италија – но во четвртата лига!