Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека му е жал за оние кои го чекаат денот кога ќе се пензионира зошто истите ќе мора да го гледаат уште некое време.
Ноле е поблиску до продолжување на кариерата, иако многумина му велат дека можеби е време да се пензионира.
„Ми велат дека сум го освоил златото и сите други трофеи и дека треба да се збогувам. Од друга страна, некои мислат дека треба да продолжам се додека мислам дека можам да бидам фаворит за грен слем титула. Поблиску сум со овие други, можеби ќе се предомислам, не знам, но засега се чувствувам дека сакам да продолжам“, рече Ѓоковиќ.
Тој додаде дека му е жал за оние кои се надеваат на неговото пензионирање.
„Патувањето и наоѓањето мотивација станува се потешко и потешко за мене. Не е лесно, особено со децата, не сакам да бидам далеку од дома долго време, но сепак имам нешто што ме води. Жал ми е за тие кои сакаат да се пензионирам, затоа што ќе мора да гледаат некое време“, изјави 37-годишниот Ѓоковиќ.
Освојувачот на 24 грен слем купови изјави дека длабоко во себе верува дека може да стигне до 25. трофеј од најголемите турнири.
„Длабоко во себе чувствувам дека можам да освојам повеќе Грен слем титули. Она што сè уште ме мотивира да се натпреварувам, особено на слемовите. Исто така, сакам да настапувам во Дејвис купот за Србија со која победив на тој натпревар во 2010 година“, додаде Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ моментално е четврти на АТП листата, а во сабота најверојатно ќе го има последниот дуел со својот најголем ривал – Рафаел Надал на егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија.