Алкалоид во второто квалификациско коло влегува со поголемо исуство од лани. Избраниците на Кирил Лазаров минатата сезона беа дел групната фаза во Европската лига, па веќе знаат што значи да се игра против какви противници. Но, сега ќе биде поразлично бидејќи до следната рунда ги дели 120 минути во кои мораат да бидат перфектни.
„Ние минатата сезона почувствувавме што значи играњето во европските натпреварувања, но сезонава ќе биде сосема поинакво искуство. Имавме добар старт на сезоната, седум победи по ред во Супер-лигата и освоениот трофеј во Супер-купот на Македонија и тоа позитивни влијае врз целиот тим. Прв противник ни е екипа од Литванија. Како капитен можам да кажам дека нашата екипа е спремна, мотивирана и со нетрпение го чекаме стартот на натпреварот. Ги анализиравме, се подготвувавме за нив, сега е редот да одиграме. Публиката секогаш ни е важен фактор и се надевам дека салата и на овој натпревар ќе биде полна, а на крајот заедно ќе се радуваме“, изјави капитенот Игор Ѓоргиев.
Мечот се игра утре (19 часот) во салата „Автокоманда“.