Ракометарите на Е. Пелистер синоќа повторно претрпеа пораз во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето во Полска против екипата на Висла. Тоа беше четврти пораз за „зелено-велите“ во петтиот настап сезонава.
„Честитки на Висла затоа што беше подобар тим на паркетот, доминирајќи за време на целиот натпревар. Ние почнавме навистина лошо, потоа и правејќи премногу технички грешки кои апсолутно направија да биде за нас невозможно да се вратиме резултатски на дуелот“, изјави по мечот тренерот на Е. Пелистер, Бранко Ангеловски.
Во рамките на 6. коло, Е. Пелистер ќе се сретне со уште еден голем фаворит оваа сезона во ЛШ, екипата на унгарски Веспрем.