Ефес ја доби драмата во Истанбул!

47

Драмата меѓу Анадолу Ефес и Олимпијакос во рамките на четвртото коло во Евролигата му припадна на турскиот тим кој славеше со 91-89. И двата тима по ова коло имаат скор од две победи и два порази.

Гостите имаа двоцифрена позитива по првата четвртина од 11-23, на одморот домашниот состав намали на 41-44. Во продолжение по третата четвртина која заврши со 65-70 во корист на Олимпијакос, следеше вистинска битка при крајот на дуелот. Грчкиот тим пропушти позитива од осум коша на стартот на последниот период, додека на другата страна Анадолу Ефес со две серии успеа целосно да се врати во игра и да го направи финишот неизвесен и секако да дојде до победа.

Ларкин погоди за 87:86 за Ефес на минута и пол до крајот, следуваа неколку неискористени напади, а потоа соло пробив на Брајант и поени за 89:86, на девет секунди до крајот.

По двоен тајм-аут, Фурние се обиде со тројка да му донесе продолжение на грчкиот тим.

Ларкин со 24 поени, четири асистенции и два скока беше најефикасен во тимот на Ефес, а го следеше Томпсон со 13 поени, пет асистенции и четири скока. Кај гостите 20 поени имаше Фурние.

Монако ја запиша третата победа оваа сезона откако на домашен терен славеше против Виртус Болоња со 101-85. Гостите го отворија мечот со 20-24, но домашниот состав полека, но сигурно влегуваше во потребниот ритам за нови бодови. Во второто полувреме беше подобар со 55-38 за убедлив триумф. Окобо имаше 20 поени, зад него бепе Џејмс со 19 поени. На другата страна Шенгелија запиша 17 поени.

ПретходноКуче влета на теренот за време на дуелот меѓу Звезда и Барса (ВИДЕО)
СледноСлот со критики кон Премиер-лигата: Малку треба да размислат