Клубот на Димитриевски ставен на продажба

144

Навивачите на Валенсија подолго време се обидуваа да го избркаат сопственикот Питер Лим и групата Меритон Холдингс од шпанскиот клуб , а според последните извештаи блиску е да им се оствари желбата.
Клубот е ставен на продажба, пренесува Diario AS.

Сингапурскиот бизнисмен кој е на чело на клубот од „Местаља“ бара 350-400 милиони евра.
Во објавата за продажбата се споменува и потребата да се инвестираат околу 150 милиони евра за да се довршат реновирањето на стадионот и дека Лим има инвестирано 290 милиони евра во клубот за време на неговиот мандат како сопственик. Клубот има и долг од 340 милиони евра.
Дополнително, се забележува дека на 15 од 25 играчи на тимот им истекува договорот во следните две години, што исто така ќе бара инвестиции.

Валенсија во последните сезони минува низ тешки времиња – наместо во европските купови, „лилјаците“ се борат за опстанок во Ла Лига, како што е и сега – 18. место по девет кола со шест бода.

Од оваа сезона член на Валенсија е македонскиот голман Столе Димитриевски, но се уште нема настап поради тоа што прв избор на тренерот е Мамардашвили.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: МУСТАФИ АБДУРЕЗАК ОД ТЕТОВО СТАНА МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.673.951 ДЕНАРИ
СледноХоландскиот репрезентативец Стротман стави крај на кариерата