Меси: Крајот е близу

114

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси не крие дека е свесен дека полека влегува во последните години од неговата активна фудбалска кариера. Зборувајќи за својата иднина, како во националниот дрес, така и за она што го постигнал досега во кариерата, истакна дека се подготвува за пензионирањето.

“Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство. Освоив се во клубот на мојот живот – Барселона. Имам титули и со ПСЖ. Не можам да барам повеќе. Крајот е близу и максимално уживам и го ценам секој момент. Аргентина и Барселона се мојот дом. Денеска сум на место каде што сум среќен, тоа е нов чекор во мојот живот”, вели аргентинската ѕвезда.

ПретходноЈавоста му се нафрли на тренерот на Нено, тој бара изговори за катастрофата
СледноНекогаш Олимпиец, денеска го бара ФБИ за дрога и убиства