Никола Ѓоргиев се враќа во Турција, потпиша за суперлигашот Туршад

127

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска е нов одбојкар на турскиот прволигаш Туршад. Нашиот коректор по две одиграни европски средби за шампионот Струмица, како што најави, ќе ја продолжи својата интернационална кариера во една за него добро позната средина, турската Суперлига.

„Потпишав за Туршад. Во моментов сум на аеродром и наскоро се приклучувам во новиот тим. Веќе викендов би требало да го имам и првиот натпревар“, ни изјави Ѓоргиев на пат кон Турција.

Екипата на Туршад ќе биде нов клуб на нашиот капитен, кој ја започнува својата 20-та интернационална сезона. Туршад во стартните две кола во турската Суперлига имаше два порази, па со доаѓањето на Никола ќе ја очекува првата радост.

ПретходноБекам: Навивачите на Манчестер Ј. ја загубија довербата во раководството
СледноЛазаров: Нема да го потцениме противникот, ниту бегаме од фактот дека сме фаворити!