Одбил милиони од Арапите, а во новиот клуб не може да заработи ни за кирија

283

Англискиот напаѓач Енди Керол неодамна изненади со одлуката да продолжи да игра фудбал и потпиша со поранешниот француски првак Бордо, кој поради долгови е исфрлен во четвртата лига.

Корпулентниот напаѓач во францускиот клуб има мизерна плата, а во последното интервју истакна дека сака да игра фудбал и да ужива во него, бидејќи, очигледно веќе заработил доста пари.
Во медиумите протече информација дека Керол во Бордо игра за плата од 3500 евра месечно, а тој вели дека сумата е помала.
Неколку новинари напишаа дека заработувам 3500 евра месечно. Не, нема врска. Цифрата е многу помала. Нема да кажам колкава, но можам да кажам дека откако живеам во Бордо, изнајмувам убава куќичка – а мојата плата е помала од киријата“, откри Керол.

Откри зошто решил да се врати на аматерскиот фудбал.
Сакам предизвици. Разбирам зошто луѓето се изненадени. Јас сакам да играм фудбал и да уживам во него. Едноставно ова е нешто ново, Бордо е голем клуб и сакав да му помогнам. Мислам дека имаме добар тим. Верувам дека ќе успееме да влеземе во третата лига“, изјави 35-годишнито Англичанец.

Да бидам искрен имав понуди од Англија, некои поранешни соиграчи ми кажуваа дека и натаму можам да играм во Премиер или Чемпионшип, имаше и понуда од Саудиска Арабија, но тоа не ме интересираше“, кажа поранешниот англиски репрезентативец.

ПретходноХоландскиот репрезентативец Стротман стави крај на кариерата
СледноТестирана најсовремена алатка за проценка на способноста на судиите за носење на правилна одлука под притисок