Прв пораз во Евролига: Пантер е „кошмарот“ на Црвена Звезда (ВИДЕО)

289

Уште една голема драма во Евролига, овој пат со среќен крај за Барселона. Црвена Звезда ја продолжи негативната серија во пресметките со каталонскиот тим, откако на домашен терен беше совладана со 94-98 после продолжение. Ова беше прв пораз за „црвено-белите“ оваа сезона.

Каталонскиот тим има 12 победи по ред во пресметките со српскиот тим, кој последен пат пак против Барса славеше во 2017 година.

Кевин Пантер ги презеде работите во свои раце и погоди тројка за 82:84. Звезда имаше 10 секунди, а Јаго дос Сантош по одличното влегување израмни на 84:84. Пантер промаши тешка тројка, мечот отиде во продолженија.

По 93:90 за домашните. Лапровитоло се разбуди, а потоа следеше неверојатна тројка на Кевин Пантер од 8 метри во последната минута за 96:93. Јаго погоди едно од двете слободни фрлања, но Пантер во клучните моменти украде топка и реализираше од контранапад за крај на сите дилеми.

Токму Пантер со 26 поени беше прв стрелец, 19 поени Јан Весели. Кај Црвена Звезда најефикасни беа Дос Сантош со 23 и Калиниќ со 19 поени.

 

ПретходноРоналдо го постигна 55. гол во 54. меч во Саудиска Арабија
СледноГираси му пресуди на Сент Паули